Contact: +389 75 565 189

Регистрациите се ОТВОРЕНИ

Oфицијално регистрациите за првиот Pelister Ultra-Trail® настан се отворени. Се што треба да направите е да ја одберете соодветната трка на која сакате да се регистрирате и да ги пополните вашите податоци за трката.

По пополнувањето на податоците на маилот кој го наведовте при регистрацијата ќе добиете понатамошни инструкции како да извршите уплата. Пријавувањето ќе се смета за комплетирано само по успешно извршено плаќање на стартнината за трката.

Можете да се регистрирате на следните линкови:
За трката 61K: http://www.pelisterultratrail.com/registracija/mk/
За трката 18K: http://www.pelisterultratrail.com/registracija/mk/18k/

Забелешка: Моментално можете да извршите уплата само преку банка на жиро сметка. Во текот на оваа недела ќе биде пуштен и системот за ONLINE плаќање каде што ќе може да направите и Online плаќање со дебитна или кредитна картичка директно преку нашиот сајт.

Назив на налогопримач:
Д.А.Т АРКАДИА Битола, Жиро сметка: 2700 7412 3390 198
Банка: Халк Банка
Цел на дознака: Pelister Ultra-Trail®, Име и презиме

Here’s more related news...