Contact: +389 75 565 189

За Pelister Ultra-Trail

Pelister Ultra-Trail® е меѓународен настан организиран од Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот БОФ Битола кој се оддржува во најстариот Национален парк во С. Македонија, Националниот парк Пелистер. Четвртото издание ќе се оддржи на 11-13 АВГУСТ 2023. Ова издание на Pelister Ultra-Trail® ќе има две ULTRA-TRAIL® трки, каде трките се организирани според ITRA (International Trail Running Association) правилата и прописи за овој тип на трки, каде исто така секоја од трките соодветно носи одреден број на поени за UTMB®.

УНИКАТНА ПРИРОДА ВО НП ПЕЛИСТЕР

Како настан кој се оддржува во границите на најстариот Националниот парк Пелистер прогласен уште во далечната 1948 година, Пелистер со својата разновидност и хетерогеност и неговата уникатна природа богата со флора и фауна, како организатори тимот на Pelister Ultra-Trail® работи активно на промоција и едукација на секој учесник на трката за зачувување на природата во Националниот парк.

Со цел заштита на Националниот Парк Пелистер и неговите природни убавини и што помалку отпад за време на настанот, секој учесник ќе треба да ги почитува следните правила и прописи:

  • Забрането е фрлање на секаков вид на ѓубре (хартија, органски отпад, пластични шишиња, чаши)
    вреќи за отпад ќе бидат достапни на секоја станица за освежување и ќе мора да се користат за таа намена.
  • Контролори на трката ќе бидат присутни и ќе прават контрола дали се почитуваат овие правила
  • секој учесник ќе мора доколку не е во можност, привремено отпадот да го стават во својот ранец и го носат со себе, се додека не се во можност да го остават ѓубрето на посебно означените места за таа намена
  • учесниците на трката ќе мора да ги следат маркираните патеки без да скратуваат. Секое излегување или кратење надвор од маркираната патека е строго забрането
  • од страна на организаторот, пластичен или било каков друг прибор за еднократна употреба( чаши за вода или сокови, садови за јадење ) нема да се дистрибуираат на станиците за освежување
  • задолжително е секој учесник да носи свој личен прибор( чаша, лажица, виљушка ) или длабок сад за храна, со цел да можи соодветно да ги користи понудите на напитоци и храна на освежителните станици

Доколку некој од учесниците не ги почитува и спроведува наведените правила ќе следи ДИСВАЛИФИКАЦИЈА од Pelister Ultra-Trail®.