За Pelister Ultra-Trail
Pelister Ultra-Trail® е меѓународен настан организиран од Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот БОФ Битола кој се оддржува во најстариот Национален парк во Македонија, Националниот парк Пелистер. Настанот оваа година ќе се оддржи на 11-13 АВГУСТ 2023.
Caparska Trail 10K
Со стартна точка од пред Инфо центарот на Националниот парк, патеката продолжува се до Цапарска пресека од каде низ густата Моликова шума се спушта се до местото Голема Ливада. Патеката потоа ве води до детското одморалиште каде потоа завршувате повторно пред Инфо ценарот.
Патека наменета за рекреативци и почетници во планинското трчање.
10K
1170 D+
09:00H
Baba Trail 20K
Со почетна точка од Инфо Центарот на Националниот парк, патеката продолжува до местото Цапарска пресека каде што почнува да се спушта до Голема Ливада. Патеката потоа продолжува низ срцето на Националниот парк Пелистер, длабоката борова шума Молика каде преку контролниот пункт на Горна Ливада и спуштањето до контролната точка Палиснопје ќе имате прилика да финиширате кај Инфо центарот на Националниот парк.
20K
1170 D+
08:00H
Molika Trail 40K
Почнувајќи од срцето на Националниот парк, патеката ќе ве однесе низ срцето на Националниот парк Пелистер. Првата половина од патеката ќе ве однесе до длабоката уникатна Моликова шума, каде потоа преку контролната точка Цапарска пресека продолжувате до самиот врв на планината Баба на 2601 метар, од каде продолжувате до Малото Езеро и започнувате со спуштање до местото наречено Палиснопје. Од Палиснопје патеката продолжува кон Копанки, а оттаму по познатата историска патека завршувате во Инфо центарот на Националниот парк.
46K
2860 D+
06:30H
Supported by





Sponsors & Partners





