Pelister Ultra-Trail® е меѓународен настан организиран од Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот БОФ Битола кој се оддржува во најстариот Национален парк во С. Македонија, Националниот парк Пелистер. Настанот оваа година ќе се оддржи на 17 СЕПТЕМВРИ 2022. Ова издание на Pelister Ultra-Trail® ќе има две ULTRA-TRAIL® трки, каде трките се организирани според ITRA (International Trail Running Association) правилата и прописи за овој тип на трки, каде исто така секоја од трките соодветно носи одреден број на поени за UTMB®.
Стартувајќи од предворјето на Националниот парк Пелистер кај Ски центар „Стрежево“, патеката ве води до раскрсницата за искачување на Големо Езеро поточно добро познатата патека по Дебел Рид која ве води се до најмаркантниот заштитен знак на Пелистер – Големо Езеро. Потоа патеката продолжува до Големо Езеро каде и започнува спуштањето кон целта преку месноста Орлови Бари и по течението на реката Сапунчица со до самата цел.
18K
1170 D+
08:00H
Со старт од Ски центарот Нижополе и спуштајќи се до с.Нижополе патеката продолжува да ве носи во срцето на Националниот парк. Преминувајќи од другата страна на планината патеката минува низ длабоката Моликова шума се до самиот врв на Баба планина на 2601 метар висина, од каде продолжувате до добро познатото Големо Езеро. Спуштањето оваа година е по река Сапунчина преку местото викано Орлови Бари да се до целта во ски центарот Нижополе.
45K
2820 D+
06:00H
Во најстариот Национален Парк на Балканот, НП Пелистер, кој со својот раскош, убавина, уникатната Молика, добро обележаните патеки и својата историја нуди идеални услови за планинско трчање.
Двете трки организирани во склоп на Pelister Ultra Trail® се организирани според правилата и принципите на ITRA, каде носат соодветни поени, како и квалификациски поени за UTMB®