Изберете трка:

Molika Trail 46K

45.9km

2860D+

Почнувајќи од срцето на Националниот парк, патеката ќе ве однесе низ срцето на Националниот парк Пелистер. Првата половина од патеката ќе ве однесе до длабоката уникатна Моликова шума, каде потоа преку контролната точка Цапарска пресека продолжувате до самиот врв на планината Баба на 2601 метар, од каде продолжувате до Малото Езеро и започнувате со спуштање до местото наречено Палиснопје. Од Палиснопје патеката продолжува кон Копанки, а оттаму по познатата историска патека завршувате во Инфо центарот на Националниот парк.

Baba Trail 20K

20km

1170 D+

Со почетна точка од Инфо Центарот на Националниот парк, патеката продолжува до местото Цапарска пресека каде што почнува да се спушта до Голема Ливада. Патеката потоа продолжува низ срцето на Националниот парк Пелистер, длабоката борова шума Молика каде преку контролниот пункт на Горна Ливада и спуштањето до контролната точка Палиснопје ќе имате прилика да финиширате кај Инфо центарот на Националниот парк.