Изберете трка:

Pelister Ultra-Trail® 61K

61km

3650D+

Патеката, со одлична подлога што секој љубител на планинското трчање може да ја посака, минувајќи низ најзначајните белези на националниот парк Пелистер, ги обединува сите убавини што природата мозаично ги сложила во една прекрасна целина, нагласувајќи и откривајќи ги заштитните знаци на гордиот Пелистер.

Molika Trail 31K

31km

2200 D+

Патека која со нејзиниот старт од срцето на Националниот парк познатиот Ластојчи камен која повеќе од половина должина е низ длабоката Моликова шума, и единствена патека во Македонија која има највисоки MOUNTAIN CRITERIA поени добиени од ITRA со чиста десетка е патека која секој тркач би ја посакувал.

Big Lake Trail 18K

18km

1170D+

Стартувајќи од кај Ски центар „Стрежево“ во село Ниже Поле, учесниците ги води патека по убавината на реката Сапунчица, продолжувајќи кон Орловите гнезда, кај месноста Орлови Бари, се следната дестинација за тркачите, кои на еден начин се припремаат за најмаркантниот заштитен знак на Пелистер – Големо Езеро.