Sidebar Menu

Contact: +75 565 189  - Email: info@pelisterultratrail.com

За Pelister Ultra-Trail®

Pelister Ultra-Trail® е меѓународен настан организиран од ПСК Димитар Илиевски Мурато кој се оддржува во најстариот Национален парк во С. Македонија, Националниот парк Пелистер. Настанот се оддржува 15 Август 2020. Оваа едиција на Pelister Ultra-Trail® ќе има една ULTRA-TRAIL® трка, која трка се организирани според ITRA (International Trail Running Association) правилата и прописи за овој тип на трки, каде исто така секоја од трките соодветно носи одреден број на поени за UTMB®.

Планинарскиот Спортски Клуб "ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО" од Битола е Здружение формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување усогласување на своите заеднички цели и интереси и заради вршење на дејности и активности во планинарството.

 

УНИКАТНА ПРИРОДА

Како настан кој се оддржува во границите на најстариот Националниот парк Пелистер прогласен уште во далечната 1948 година, Пелистер со својата разновидност и хетерогеност и неговата уникатна природа богата со флора и фауна, како организатори тимот на Pelister Ultra-Trail® работи активно на промоција и едукација на секој учесник на трката за зачувување на природата во Националниот парк.

Со цел заштита на Националниот Парк Пелистер и неговите природни убавини и што помалку отпад за време на настанот, секој учесник ќе треба да ги почитува следните правила и прописи:

  • Забрането е фрлање на секаков вид на ѓубре (хартија, органски отпад, пластични шишиња, чаши)
  • вреќи за отпад ќе бидат достапни на секоја станица за освежување и ќе мора да се користат за таа намена. Контролори на трката ќе бидат присутни и ќе прават контрола дали се почитуваат овие правила
  • секој учесник ќе мора доколку не е во можност, привремено отпадот да го стават во својот ранец и го носат со себе, се додека не се во можност да го остават ѓубрето на посебно означените места за таа намена
  • учесниците на трката ќе мора да ги следат маркираните патеки без да скратуваат. Секое излегување или кратење надвор од маркираната патека е строго забрането
  • од страна на организаторот, пластичен или било каков друг прибор за еднократна употреба( чаши за вода или сокови, садови за јадење ) нема да се дистрибуираат на станиците за освежување
  • задолжително е секој учесник да носи свој личен прибор( чаша, лажица, виљушка ) или длабок сад за храна, со цел да можи соодветно да ги користи понудите на напитоци и храна на освежителните станици
  • учесниците кои нема да имаат прибор за топол оброк, секако ќе можат неограничено да ги користат понудите на храна и пијалоци на секоја станица

Доколку некој од учесниците не ги почитува и спроведува наведените правила ќе следи ДИСВАЛИФИКАЦИЈА од Pelister Ultra-Trail®.

logo footer

СЛЕДЕТЕ НЕ

ТЕЛЕФОНИ ЗА КОНТАКТ

+389 75 565 189

+389 71 310 199